Влада

Влада: Да не се шират дезинформации за „населување со Талибанци од Авганистан“

Соопштение на Владата на РСМ

Владата апелира за внимателно, одговорно и точно информирање во врска со меѓународната хуманитарна мисија за која Северна Македонија презеде иницијатива за вклучување и помагање. Никој нема право да ги плаши граѓаните со неточни, опасни и искривени информации како што се оние дека наводно земјава ќе ја населеле Талибанци екстремисти. Граѓаните од Авганистан ќе пристигнат со прецизно организирани авионски летови, истите се вработени или членови на семејства на вработени на локални и меѓународни демократски мисии и воопшто не се нелегални мигранти, тие нема да бидат сместени ниту во прифатниот центар во Гази Баба, ниту во новите превентивни капацитети во Бардовци. На Северна Македонија не и се случува никаква мигрантска криза, напротив, Северна Македонија е дел од голема светска хуманитарна акција за спасување на авганистанско мирољубиво население кое е под опасност од екстремистичките талибански структури, се вели во соопштението од македонската Влада.

Прочитајте повеќе

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Потенцијалните партнери во идната влада засега се посветени на договорените постулати за соработка и градење …