Владата го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

Владата го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

Владата на вчерашната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ.

Разрешувањето, според објаснување на Владата, е „поради неговото непрофесионално однесување.“

„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за Државен пазарен инспекторат,“ образложуваат од Владата.

Одлуката следува откако Пауновски одби да прими 35 вработени според Рамковниот договор, кои долги години примаа плата, а не работеа, но Владата најде законско решение за истите да бидат распределени по институции.

Инспекторите на ДПИ вчера беа на средба во Владата каде што на премиерот Заев му предадоа петиција за Пауновски да остане во таа институција, бидејќи многу придонел за нејзино успешно работење во последните три години. Заев иако рече дека ќе го земе предвид нивното барање, сепак како што најави, на вчерашната владина седница тој беше разрешен.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …