Владата ја усвои Националната стратегија за лозарство и винарство за зголемена конкурентност на пазарите во земјава и странство

Владата ја усвои Националната стратегија за лозарство и винарство за зголемена конкурентност на пазарите во земјава и странство

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Националната стратегија за лозарство и винарство 2023-2033 година.

Овој стратешки документ, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има за цел подобрен индекс на квалитет на производството, воведување нови производствени технологии и современ пристап за промоција и маркетинг на крајните производи во и надвор од Република Северна Македонија на долгорочен план.

Основниот ефект кај сите чинители во вредносните ланци кај лозарството и винарството се очекува да биде зголемување на вредноста на крајниот производ, преку унапредување на работните процеси, оптимизација на трошоците и зголемувањето на квалитетот, што води до поголема конкурентност на производите на пазарот и поголем пазарен удел. Со тоа, оценето е дека би се зголемил вкупниот приход и профитот што го делат чинителите во ланецот.

Директни корисници на резултатите од активноста се сите чинители во вредносниот ланец на лозарство и винарство: лозари, откупувачи, преработувачи, логистички фирми задолжени за транспорт и дистрибутери. Индиректни корисници на резултатите од активноста се сите чинители во земјоделството и сродните индустрии. А новиот пристап во сферата на лозарството и винарството се проценува дека неминовно ќе значи и вовед кон унапредување на работењето на целиот земјоделски и преработувачки сектор.

Прочитајте повеќе

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија предизвика лавина реакции во Скопје и во Софија. …