Владата ќе ја одржи својата редовна 124 седница

Владата ќе ја одржи својата редовна 124 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 124 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа за оваа година и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница, на предлог на Министерство за транспорт и врски, ќе биде разгледан  Предлог – законот зa урбанистичко планирање.

Министерството за правда на седницата ќе го презентира Предлог – законот за бесплатна правна помош, додека Министерството за финансии за оваа седница го предлага на разгледување  Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина.

На 124-та седница на Владата на РСМ, министрите ќе се произнесат по Информацијата во врска со донесување на Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година и со Акциски план за нејзино спроведување.

На предлог на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, Владата ќе донесе мислење за Финансискиот план на ова акционерско друштво за 2019 година.

На денешната седница, меѓу другото, Владата на РСМ ќе ја разгледа и Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки за антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, според кои Министерството за образование и наука, во соработка со Бирото за развој на образованието, треба да понуди најсоодветен начин за воведување на антикорупциските теми во рамките на годишната програма на училиштата.

На оваа своја седница Владата на РСМ ќе ја разгледа и Информацијата со анализа за потребата од измена на закони со цел за надминување на постојните проблеми во областа на остварувањето на правата од работен однос на вработените во културата.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …