Средба Заев-Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата и за стабилноста на регионот (видео)

Средба Заев-Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата и за стабилноста на регионот (видео)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оставри средба со амбасадорот Фили Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.

Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.

Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.

Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.

Премиерот Заев уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател на Република Северна Македонија.

На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.

Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно-атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.

Претседателот на Владата на РСМ Заев и амбасадорот Рикер, кој наскоро ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, по средбата одржаа и прес конференција за новинарите, на која одговараа на прашања од интерес на медиумите.

Прочитајте повеќе

Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се …