Владата на РСМ денеска ќе ја одржи својата редовна 134 седница

Владата на РСМ денеска ќе ја одржи својата редовна 134 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 134 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата ќе го разгледа Предлог – законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, како и Информацијата за креирање на политиките и спроведувањето на реформа во шумарскиот сектор во земјата.

На денешната седница ќе биде разгледана и Информацијата за одржаниот осми состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација, во Скопје.

Министер без ресор за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во РСМ, за денешната седница ја предлага точката Информација со предлог Акциски план за развој на културата на Ромите во Република Северна Македонија согласно Стратегијата за Роми 2014-2020, а Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе го претстави Извештајот за текот на работата при изготвување на Нацрт верзијата и акцискиот план за спроведување на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот, со Предлог за одлуки по оваа информација.

На денешната седница, на барање на Собранието на РСМ, Владата ќе донесе мислење за годишните извештаи за 2018 година за работата на Македонската радио телевизија, на Агенцијата за електронски комуникации, и за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …