Владина делегација положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на депортираните македонски Евреи и на паднатите борци во НОБ

Владина делегација положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на депортираните македонски Евреи и на паднатите борци во НОБ

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес ја предводеше владината делегација по повод одбележувањето на депортирањето на Евреите од Македонија.

На денешен ден се одбележуваат осумдесет и една година од грозоморните дела на окупаторите кои собрале преку 7200 луѓе, мажи, жени и деца евреи од цела Македонија по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка.

Околу 7.200 луѓе биле биле собрани и испратени во логорот Треблинка, каде што  биле веднаш убиени во гасните комори во логорот.

Сеќавањето на овие ужасни, нехумани и брутални убиства служи како симбол на издржливоста на човечкиот дух наспроти неволјата. Тоа е доказ за трајната борба за надеж, слобода и помирување.

Со оддавањето почит ја потврдуваме нашата посветеност на борбата против омразата, фанатизмот и угнетувањето во сите нејзини форми. Високата морална одговорност е солидарност со оние кои страдале и кои продолжуваат да страдаат поради прогон и дискриминација.

Во чествувањето на овој ден,  во спомен на жртвите со надеж дека такви злосторства никогаш повеќе нема да се случат. Да се стремиме кон иднина изградена на толеранција, разбирање и почит кон целото човештво.

Денешниот настан е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање- 11 Март, Холокаустот на македонските Евреи“. На комеморацијата на депортираните Евреи од Македонија и паднатите борци во НОБ, учествуваа и претставници од собранието на Република Северна Македонија како и претставници од Еврејската заедница.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …