Во Црна Гора нема славење Нова година на отворено

Во Црна Гора нема славење Нова година на отворено

Поради влошување на епидемиолошката состојба во Црна Гора, забрането е да се организираат новогодишни прослави на отворено, како и концерти и масовни собири, соопшти црногорската министерка за здравство Јелена Боровиќ-Бојовиќ. Мерките ќе бидат во сила од 15 ноември.

„Се забранува организирање на свадби на отворен и затворен простор. Забранета е работата на ноќните клубови, работата на угостителските објекти е ограничена до полноќ. Исто така забрането е организирање екскурзии и славење родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само на членовите на домаќинството“, рече министерката.

Во Црна Гора на сила е мерката за поседување на ковид потврда како услов да може да се премине државната граница, за престој во угостителски објекти, за присуство на свадби, за присуство на приредби, спортски натпревари.

„А Владата ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување на Националниот дигитален сертификат за Ковид за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска администрација, армија“, рече Боровиниќ-Бојовиќ.

Од 1 декември, како што рече, доколку се донесат овие мерки, Националниот дигитален сертификатќе биде неопходен за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и деловни објекти во кои дејност вршат повеќе од три компании, односно претприемачи и објекти со површина од над илјада метри квадратни во кои се врши трговија на мало со непрехранбени стоки.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …