Во Црна Гора поригорозни услови за влез во земјата од 2 јануари

Во Црна Гора поригорозни услови за влез во земјата од 2 јануари

Црногорската влада ги заостри мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус, откако 24 часа беше регистриран рекорден број на заразени, а од 2 јануари влез во Црна Гора, без разлика дали некој е вакциниран и дали прележал ковид-19 ќе мора да има негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или брз антиген тест кој не е постар од 48 часа. Мерките ќе важат до 12 јануари. Граѓаните на Црна Гора и странците со привремен престој можат да влезат во земјата без овој доказ, но со определување на самоизолација од 10 дена, која може да се прекине најрано три дена по негативниот ПЦР тест.

Во Црна Гора забрана за новогодишни прослави на отворено

Од денеска се воведуваат и други мерки кои ќе важат до 12 јануари. Според новите мерки, работното време на рестораните, кафулињата, другите угостителски објекти и хотелите од 31 декември до 1 јануари е ограничено на 1 час по полноќ со поседување на потврда. На тој ден, музика во живо или акустични преноси се дозволени само помеѓу 20 часот и еден час по полноќ. Во текот на сите останати денови до 12 јануари, работното време на сите угостителски објекти со поседување на потврда за ковид-19 е ограничено на 22 часа. Забранети се свадби, родендени, забави, музички фестивали и други приватни прослави.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …