Во Музејот на РСМ на 18 мај се отвора изложбата „На Срем“

Во Музејот на РСМ на 18 мај се отвора изложбата „На Срем“

Музејот на Република Северна Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18  Мај, со отворањето на изложбата „На Срем“, информираат од оваа музејска установа.

На изложбата ќе бидат поставени над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот. Низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци, како и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна.

„На тој начин, уште еднаш се навраќаме на овие настани и се потсетуваме на придонесот на нивните учесници во крајот на војната, како значаен македонски придонес во заедничката ослободителна и антифашистичка борба“, се вели во соопштението на Музејот на РСМ.

Автор на изложбата и на текстот за каталогот е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Изложбата ќе може да се посети во периодот од 18 мај 2021 година во 12:00 часот, до 31 август 2021 година, со придржување кон протоколите воспоставени поради пандемијата со ковид-19.

Реализацијата на оваа изложба соодветствува и со темата на овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на музеите „Иднината на музеите – Опоравување и презамислување“. Кризата настаната со пандемијата ги поттикна музеите да изнаоѓаат нови форми на културни искуства, со значаен фокус на дигитализацијата и на промоцијата на музејските содржини на социјалните мрежи. Во таа насока е и реализирањето на оваа изложба. Имено, на 9 мај 2021 година, изложбата „На Срем“ беше поставена во дигитален формат, на новата електронска платформа на Музејот – www.izlozba.mk.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …