Во врска со пожарите во последното деноноќие ангажирани 588 полициски службеници

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на земјава биле ангажирани 588 полициски службеници, биле реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите, соопшти МВР.
Министерството за одбрана пак сооопшти дека во гаснењето и други активности во врска со шумските пожари досега биле ангажирани 1.500 припадници на АРСМ.

Вчера е поднесена една кривична пријава од СВР Струмица во врска со пожар настанат на завчера кај крстосница с.Дабиле-с.Сачево, против Д.К.(30) од с.Баница, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Вчера во полициското одделение Велушина-Битола, во врска со пожар кој настанал на 09.08.2021 во атар на с.Кишава, на службен разговор во полициска станица биле повикани четири лица на возраст од 21 до 27 години, сите од с.Кишава и се работи на расчистување на случајот.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

Денес посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе …