Во вторник започнува исплатата на мартовските пензии

Во вторник започнува исплатата на мартовските пензии

На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.

Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 28.03.2023 година;
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 29.03.2023 година;
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 30.03.2023 година и
  • за пензии со висина над 18.001 денар, исплатата да се изврши во петок, 31.03.2023 година.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …