Војната во Бахмут беснее и за Велигден, Русија и Украина разменија војници

Војната во Бахмут беснее и за Велигден, Русија и Украина разменија војници

Серхиј Черевати, портпарол на источната воена команда на Украина за телевизискиот канал „1+1“ рече дека жестоки крвави битки невидени во последниве децении се водат во градот Бахмут.

Украинските и руските вооружени сили водат интензивни борби во разурнатиот град Бахмут и за време на Велигден, пишува Гардијан.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека борците од платеничката група Вагнер зазеле уште два дела на Бахмут, кој е главна цел на руската офанзива веќе подолг период наназад во источна Украина.

Серхиј Черевати, портпарол на источната воена команда на Украина за телевизискиот канал „1+1“ рече дека жестоки крвави битки невидени во последниве децении се водат во градот Бахмут.

„Нашите војници прават сè во крвавите и жестоки битки за да ја срушат борбената способност (н.з. на непријателот) и да го скршат неговиот морал. Секојдневно во секој агол на овој град успешно го прават тоа“, изјави Черевати.

Инаку, руски и украински извори потврдија дека денеска е извршена голема размена на затвореници по повод Велигденските празници.

„Околу 130 украински воени заробеници се ослободени и вратени дома во „голема велигденска размена“, изјави денеска Андриј Јермак, висок функционер на украинскиот претседател.

Тој додаде дека размената на затвореници се одвивала фазно во текот на изминатите неколку дена.

Јермак рече дека меѓу украинските заробеници кои се вратиле дома имало војници, граничари, членови на националната гарда, морнари и вработени на државната гранична служба.

И шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин објави видео од размената на најмалку 100 украински воени заробеници. Тој им нареди на своите сили да ги подготват сите заробеници за размена, по што на групата украински затвореници потоа им било кажано дека ќе бидат предадени на украинските сили за да го одбележат православниот празник Велигден.

„Се надевам дека нема да ни паднете повторно во рацете“, се слуша како вооружен војник на Вагнер во видеото им кажува на мажите пред да им нареди да влезат во камион, со неколку шишиња вода за пиење во рацете.

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …