Воведени се два нови изборни предмети во државната матура која ќе се полага од 29 мај до 14 јуни
Hand writing

Воведени се два нови изборни предмети во државната матура која ќе се полага од 29 мај до 14 јуни

Државниот испитен центар ги објави датумите за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2021 година. Екстерните испити од државната матура по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература ќе се полагаат на 29 мај. Англиски, француски, германски и руски јазик ќе се полагаат на 5 јуни 2021. На 11 јуни учениците ќе полагаат естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја, социолигија, бизнис, информатика и географија. Додека пак, математика на 14 јуни.

Листата на изборни премети за третиот екстерен испит годинава е проширена со два предмета – информатика и географија.

Од Државниот испитен центар информираат дека сите испити се со почеток во 10 часот.

Претходно од Сојузот на средношколци реагираа дека оваа година не треба да се одржи државна матура бидејќи според нив, таа нема да биде ефективна.

Во врска со матурската проектна задача, од годинава покрај стариот модел на реализација, матурските задачи ќе може да бидат дигитални, видео и уметничко-сценски изведби. Срeдношколците од четврта година најдоцна до 30 ноември годинава треба да пријават тема за изработка на матурска проектна задача, а пријавувањето да го направат во своите училишта.

Минатата учебна 2019/2020 година поради ситуацијата со пандемијата не се одржа државна матура.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …