Врнежливо време

Врнежи од дожд и значителен пад на температурите

Во нашата земја денеска ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали и ќе се движи од 3 до 13 степени Целзиусови.

Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат во вторник кон крајот на денот и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер. Утринските температури кон крајот на неделата на повеќе места ќе бидат негативни.

Прочитајте повеќе

За една недела од грип заболеле 2.322 лица, засега нема најави за продолжен зимски распуст

За една недела од грип заболеле 2.322 лица, засега нема најави за продолжен зимски распуст

Во текот на втората недела од јануари, односно од 5 до 11 јануари, одговорните во …