За една седмица бројот на грипозни пораснал за 20 отсто, има и случаи со свински грип

За една недела, за 20 отсто се покачил бројот на случаи со симптоми на грип, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на четвртата седмица од оваа година, односно од 21 до 27 јануари во Македонија пријавени се 643 случаи со симптоми на грип и заболувања слични на грип. Утврден е и инфлуенца H1N1, познат во јавноста како свински грип.

– Сепак, ако се направи споредба, бројот на пријавени лица во последнава недела е помал за 40,7 отсто споредено со последната недела од минатата сезона. Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сè уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип – соопшти ИЈЗ.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ донесени биле 19 материјали за тестирање на грип, од кои 12 (63,2 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на грип, а кај 10 е утврден инфлуенца A (H1N1), односно свински грип и два случаи со инфлуенца A(H3).

Најголем број заболени се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години. Најбројни се заболените од подрачјето на Скопје.

Во ИЈЗ иформираат дека во сезоната 2018/2019, вкупниот број заболени лица од грип изнесува 2.873.

– Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор од почетокот на сезоната е 63,2 отсто што укажува на зголемена активност на вирусот на грип. Во позитивните примероци (21) во кои е докажано присуство на вирусот на инфлуенца, доминира вирусот на инфлуенца – инфлуенца A(H1N1) со 71,4 отсто. Се очекува пораст на активноста на вирусот на грип во текот на следните недели. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население – велат оттаму.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …