Заев и Димитров со осуда за поништувањето на пресудата за Мијалков

Заев и Димитров со осуда за поништувањето на пресудата за Мијалков

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, реагираа по одлуката на Апелација за укинување на првостепената одлука за случајот „Таргет-Тврдина“, во која осуден на 12 години затвор е поранешниот шеф на Управата за безбедности и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Судот вчера одлуки случајот што се однесува на нелегалното прислушување да се врати на повторно судење. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Претходно тој беше ослободен за случајот „Трезор“.

Поранешниот премиер на Фејсбук пишува дека „двете поништени пресуди значат поттик за повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка“. Тој пишува дека на ваков начин се мотивираат и други да прават грозоморни дејствија.

„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?“, напиша Заев на Фејсбук.

Пораншениот министер за надворешни работи Никола Димитров како срамна за судството ја оценува одлуката на Апелација за случајот „Таргет-Тврдина“.

И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг“, напиша Димитров.

Во Трезор-Тврдина првостепено беа осудени и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …