Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на својата официјална „Фејсбук“ страница.

„Со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители“, пишува во објавата.

Тој ова го објави во пресрет на информативната кампања која ќе ја води Владата за референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Извор: МЕТА