„Запознај ја Преспа“: Во сабота и недела Општина Ресен организира настани кои не смеат да се пропуштат

„Запознај ја Преспа“: Во сабота и недела Општина Ресен организира настани кои не смеат да се пропуштат

Во пресрет на туристичката сезона, а во рамки на манифестацијата Meet Prespa, во деновите од викендот Општина Ресен организира неколку настани во Отешево и на плажата „Дупени“.

Станува збор за музички настани, концерти на групата „Нокаут“, реге бендот Anima Nation од Солун, Грција, BLLA BLLA BLLA од Албанија, како и неколку локални групи како „Инстинкт“, „Реприза“ и „Екстраваганца“, кои ќе се одржат во сабота, 15-ти јуни во Отешево. Повеќе информации дводневниот настан Meet Prespa прочитајте на евентот https://m.facebook.com/events/1281717971991437

Во недела, 16-ти јуни на плажата „Дупени“, ќе се одржи турнир во одбојка на плажа. Истиот ден и на истото место, членките на здружението „Рурални жени од Преспа“ ќе приготват ѓомлезе, аршлама, разни зелници, питулици, циронки, белвици, штрудла со домашни овошја и други специјалитети.

Исто така, на 15 и 16 јуни традиционално по шести пат ќе се одржи outdoor настанот “Тур де Галичица“. Оваа година планинарската тура ќе биде на врвот Магаро, на надморска висина од 2.255 метри, со можеби најдобриот поглед на двете езера, Преспанското и Охридското.

Сите љубители на велосипедизмот и авантурата кои сакаат да бидат дел од овој незаборавен настан, можат да се пријават на следниот линк http://bit.do/eUEQ2, а повеќе информации може да дознаете од организаторите на настанот на следниот линк https://www.facebook.com/events/256197941982583/

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …