Заштитата на машкото здравје во фокусот на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ

Заштитата на машкото здравје во фокусот на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ

Пишува: Зоран Милошески

Во понеделник, 9-ти октомври, во Прилеп ќе биде промовирано Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ.

Главни цели и задачи на Здружението се заштита на машкото здравје, подигнување на свеста за превенција и рано откривање на болестите кои го намалуваат квалитетот на живеење на граѓаните, поттикнување на физичка активност, подобрување на менталното здравје преку едукација, превенција и разбивање на стигмата за машкото здравје, личен раст, одржлив развој на граѓаните за секаква благосостојба.

„Промоцијата на Здружението се случува во пресрет на Светскиот ден на менталното здравје, со цел да укажеме на важноста од неговото зачувување и заштита. Да се биде здрав не значи само здраво тело, туку и здрава психа. Да се биде ментално здрав значи да се биде во состојба на благосостојба, во која секој човек го реализира својот потенцијал, се справува со секојдневните животни стресови, работи продуктивно и придонесува за својата заедница. Не постои личност која во текот на животот не сретнала друга личност која имала некакви проблеми од сферата на менталното здравје. Тоа можат да бидат и емоционални кризи и страдања, предизвикани од некоја непријатна животна случка. Затоа е потребно да се знае како да се зачува и заштити менталното здравје или да се препознае пореметувањето и со навремена постапка да се спречи понатамошно ширење и развој на пореметувањето“, вели Петра Лукароска, претседателка на Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ.

Заштитата на машкото здравје во фокусот на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ

Лукароска нагласува дека дефиницијата за мажите како „посилен пол“ се должи на фактот дека, во просек, мажите се повисоки, помускулести и физички посилни од жените, но кога станува збор за здравјето, ситуацијата е поинаква.

„Кога е здравјето во прашање, мажите се ‘послабиот пол’. Иако денес животниот век континуирано се зголемува кај двата пола, сепак, жените живеат подолго од мажите. Пример за тоа е и нашата сурова семејна животна приказна. Не случајно името на Здружението е Филип Лукароски. Филип беше и секогаш ќе биде нашиот маратонец кој истрча пет маратони, но не и најтешкиот – животниот маратон. Затоа, мојата порака е јасна и недвосмислена: Одете на редовни медицински прегледи, скрининг тестови. Слушајте го вашето тело и пријавете ги симптомите кај вашиот лекар. Барајте радост и споделете ја со другите. Смеата е добар лек. Забавата и оптимизмот го подобруваат здравјето, но и среќата. И ако сето ова го правите полека, стабилно и разумно, ќе уживате во вашиот здрав начин на живот“, вели Лукароска.

Првите активности во насока на заштита на машкото здравје, Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ ќе ги има во ноември, како дел од меѓународното движење „Мовембар“.

„Иницијативата за подигнување на свеста за машкото здравје, ‘Мовембар’, има за цел отворено да зборува за здравствените проблеми на мажите, како што се менталните проблеми, ракот на простата и ракот на тестисите. Да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување и, воедно, да се намали бројот на смртни случаи. Затоа овој месец отворено ќе зборуваме за машкото здравје, со цел да ги менуваме востановените ставови, да ги кршиме табуата, се’ заради подобро здравје кај машката популација. Првиот настан за ‘Мовембар’ ќе биде реализиран на Факултетот за безбедност во Скопје каде, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, ќе одржиме трибина која ќе има здравствено-воспитна цел“, потенцира претседателката на Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, Петра Лукароска.

На трибината со наслов „Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје“, која ќе биде одржана во Прилеп во понеделник 9-ти октомври, а на која, воедно, ќе биде промовирано Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, ќе говорат и Проф.д-р Гордана Ристевска Димитриоска, специјалист психијатар и психотерапевт, како и Светлана Миоковиќ Томеска, дипломиран дефектолог.

Заштитата на машкото здравје во фокусот на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ

Настанот ќе се одржи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ со почеток во 18.30 часот.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски Ароганција е кога човек-партија одработува против своите …