Видео спот на Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, 20 декември
Декември како месец на радост, прослава, топлина, давање, дружење и помагање, исто така е и месец во кој се слави Меѓународниот ден на човечката солидарност, 20 декември. Ден како потсетник за важноста на солидарноста, ден кој ги поврзува и обединува народите.
Солидарноста се истакнува како еден од главните принципи и вредности на меѓучовечката соработка. Развивањето на оваа особина е инвестиција во заедничка иднина. Важно е да им помагаме на другите во тешките моменти, да се радуваме на туѓите успеси, да сочувствуваме со другите. Солидарноста, сочувството и помагањето на другите, се благородни особини кон кои општеството и поединецот треба постојано да се стремат.
Иако сме сите еднакви и по закон имаме еднакви права, вистината е дека некои не размислуваат за тоа од причина што живееме во време кога луѓето гледаат секој за себе.
Што да правиме, како треба, кога, каде?