Зелената агенда ќе биде дел од ДУИ за локалните избори, најави Ахмети

Зелената агенда ќе биде дел од ДУИ за локалните избори, најави Ахмети

На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, најави лидерот на партијата Али Ахмети, на прославата во Градски парк.

Тој рече дека дошло време да се фокусираат на квалитетот на животот, условите за секојдневно живеење, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални политики, инфраструктура, економија и животна средина.

„Денеска ДУИ ја прегрнува целосно новата еколошка, Зелена агенда. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етнички, партиски, социјални и други разлики, бидејќи дишеме ист воздух, живееме во ист простор. Ние како ДУИ ќе бидеме столб на ваквата идна политика,“ рече Ахмети.

Ахмети се осврна и на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …