Жителите од „Тризла 2“ едногласни: Локалната власт и градоначалникот Јованоски работат на подобрување на животот на Ромите

Жителите од „Тризла 2“ едногласни: Локалната власт и градоначалникот Јованоски работат на подобрување на животот на Ромите

На обвинувањата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, изречени на нивната денешна прес конференција на сметка на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за неговото наводно неприсуство на одбележувањето на празникот Ѓурѓовден, се огласи и раководството на урбаната заедница „Тризла 2“.

Киршан Мамудоски, претседател на урбаната заедница „Тризла 2“, ги демантираше изнесените дезинформации од страна на општинското раководство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и, истовремено, ја потенцираше одличната соработка која што оваа урбана заедница ја има со прилепската локална самоуправа и градоначалникот Јованоски.

Жителите од „Тризла 2“ едногласни: Локалната власт и градоначалникот Јованоски работат на подобрување на животот на Ромите„Покрај тоа што градоначалникот Јованоски за празникот Ѓурѓовден оствари лична комуникација со многу граѓани од нашата населба честитајќи им го празникот, откако е градоначалник во континуитет демонстрира јасна поддршка за граѓаните Роми, преку серија комунални проекти кои се спроведуваат во ‘Тризла2’ и населбата ‘Три багреми’. Имено, сѐ она што беше заборавено од претходната власт, оваа власт е цврсто решена да го изгради и направи. Се тампонираа улиците ‘Ердован Шабаноски’ и ‘Дабнички завој’, се тампонираше и улицата ‘Беровска’ во должина од 2 километра како и улиците во населбата ‘Три багреми’, а на улицата ‘Дабничка’ е поставен асфалтен слој. Се подобри електричната мрежа во целата населба, се подобрува хигиената и се поставија многу контејнери за отпад. Во соработка со ЈКП ‘Водовод и канализација’, редовно се отстрануваат проблемите со водоводната мрежа, а се обезбеди и чиста вода за пиење за многу граѓани во ‘Тризла2’, додека за учениците е обезбеден и бесплатен превоз“, истакна Мамудоски.

Жителите од „Тризла 2“ едногласни: Локалната власт и градоначалникот Јованоски работат на подобрување на животот на РомитеИсто така, Мамудоски потенцираше дека искрениот пристап на општинската власт за подобрување на условите за живот на жителите од населбата „Тризла 2“ се гледа и сега, после завршувањето на изборите, кога продолжија градежните активности во оваа населба.

„Затоа, денешните изјави на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се тенденциозни и злонамерни. Граѓаните Роми се свесни и совесни граѓани. Самите одлучуваат кому ќе го дадат својот глас, без ничиј притисок. Токму заради големиот број на досегашни проекти и оние кои што следуваат во иднина, Ромите ја даваат и ќе ја даваат поддршката на актуелната политичка гарнитура на власт“, изјави претседателот на урбаната заедница „Тризла 2“, Киршан Мамудоски.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …