Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст откако доживеа тежок срцев удар во нејзиниот дом, само неколку часа откако била примена во болница.
Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзината мајка, Присила Присли.
Во вторникот, Лиза беше на доделувањето на Златните глобуси. Таа и нејзината мајка беа присутни за да го поддржат Остин Батлер, кој освои Глобус за неговиот портрет на Елвис Присли.
Лиза Мари е родена во 1968 година и сопственик е на замокот на нејзиниот татко „Грејсленд“ во Мемфис. Таа имала девет години кога Елвис починал од срцев удар.