Ново судско рочиште за трагедијата во тетовската модуларна болница

Ново судско рочиште за трагедијата во тетовската модуларна болница

Во предметот обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово, како правно лице.

За денеска е закажано ново судско рочиште за случајот во кој изгоре модуларната болница за ковид во Тетово, а во кој загинаа 14 луѓе. Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите.

На последното рочиште беа сослушани две медицински сестри и универзитетските професори кои изработиле вешт наод и мислење во писмена форма.

Во предметот обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово, како правно лице. Тие на почетокот на судењето рекоа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни.

Cемејствата на жртвите велат дека не веруваат во правдата на државата, но дека сепак не губат надеж, а не се исклучува и можноста за барање за меѓународна истрага за овој случај.

Во пожарот кој се случи на 8 септември 2021 година во болницата, изгореа 14 лица. Беше прогласена тридневна жалост, а претседателот Стево Пендаровски ги откажа настаните поради тридневната жалост. Истрага за случајот вршеа петмина обвинители. Тогашниот министер за здравство Венко Филипче кажа дека никој нема да избегне одговорност за оваа трагедија.

Прочитајте повеќе

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Стотици луѓе во групи на социјалните мрежи раскажуваат негативни искуства со продавници кои ги наоѓаат …