Бочварски на министерска конференција на земјите од Западен Балкан

Бочварски на министерска конференција на земјите од Западен Балкан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Балкан, во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на Конференцијата ќе се потпише анекс на Одлуката на Европската Комисија  за разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Македонија.

Со потпишувањето на овој документ Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Прочитајте повеќе

Пленковиќ доби мандат за формирање влада на Хрватска

Пленковиќ доби мандат за формирање влада на Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го прими премиерот и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј …