На првиот ден од Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки кое се одржува во Подгорица, Црна Гора, македонската репрезентативка Хамида Друштинац се закити со сребрен медал.
Двете победи и поразот во финалето, беа доволни македонската репрезентативка да се искачи на пиедесталот и да го освои второто место, што претставува огромен успех како за Друштинац, така и за македонскиот џудо спорт.