домати

АХВ: Во доматите и во краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес-конференција директорот на Агеницјата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, додавајќи дека не му е јасно со која цел опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ шири паника во јавноста

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, додавајќи дека не му е јасно со која цел опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ шири паника во јавноста.

„Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава ќе знаеме наредните денови“, рече Бабовски.

Бабовски изјави дека негативни се резултатите од анализите за наводно присуство на резидууми од метали и тешки метали.

„Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми“, рече Бабовски и порача дека кога се излегува да се каже нешто, тоа треба да биде точно и вистинито.

Прашањето за безбедноста на доматите и краставниците се отвори неодамна, а пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и во краставица.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Изборен молк од полноќ

Изборен молк од полноќ

Изборната кампања завршува вечерва, на полноќ. Од вечерва е забрането политичко рекламирање за двојните избори- …