руски ракетен напад врз пазар во украинскиот град Костјантиновка

Руска ракета погоди пазар во Украина, загинаа најмалку 16 лица

Украинските спасувачки екипи во моментов се на терен, а стравувањата се дека има лица кои се наоѓаат под урнатините

Најмалку 16 цивили загинаа, а 31 лице е повредено во најновиот руски ракетен напад врз пазар во украинскиот град Костјантиновка, јавува Укринформ. Ракета истрелана од Русија уништила 20 продавници во овој град лоциран во Донецкиот регион, а бројот на жртви во нападот се стравува дека ќе расте. Украинските спасувачки екипи во моментов се на терен, а стравувањата се дека има лица кои се наоѓаат под урнатините.

Украинското обвинителство отвори предистражна постапка за прекршување на условите за војување во согласност со Кривичниот закон на Украина. Нападот се случил во центарот на Костјантиновка, во период на големо движење на луѓе. Украинските власти ја обвинија Русија дека на оваа локација немало никаква воена цел.

Би-би-си пишува дека градот Костјантиновка се наоѓа на околу 30 километри оддалеченост од градот Бахмут и е во близина на фронтот каде се водат интензивни борби меѓу украинските и руските сили.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …