Премиерот Ковачевски домаќин на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Премиерот Ковачевски домаќин на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва негова посета откако државата е полноправна членка на НАТО.

Според агендата за официјалната посета, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба на Ковачевски Столтенберг, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, во 16.30 часот ќе одржат заедничка прес-конференција.

Прочитајте повеќе

Денеска и во текот на неделата променливо облачно и нестабилно време

Денеска и во текот на неделата променливо облачно и нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните …