израел хамас газа

Десетици убиени во напад врз градот Деир ал Балах во централна Газа

„Имаме 45 жртви од израелското бомбардирање на куќите на три семејства во Деир ал Балах во изминатиот час“, изјави во вторникот д-р Ејад Ал-Џабри, шеф на болница

Десетици Палестинци починале поради израелски напад врз засолништа во кои се сместени раселените луѓе во градот Деир ал-Балах во централна Газа, вели шефот на локалната болница, пренесува Гардијан.

„Имаме 45 жртви од израелското бомбардирање на куќите на три семејства во Деир ал Балах во изминатиот час“, изјави во вторникот д-р Ејад Ал-Џабри, шеф на болницата.

Новинар на Асошиејтед прес во болницата избројал најмалку 34 тела, вклучувајќи најмалку шест деца, но не било можно самостојно да се проверат ваквите извештаи.

„Снимката од местото на настанот покажува жени како врескаат од горниот кат на разрушена куќа. Во урнатините на долниот дел, мажите извлекоа тело на дете од под плочата до запален автомобил. Во блиската болница, медицинските лица се обиделе да реанимираат младо момче и девојка, раскрвавени и неподвижни на носилки”, се наведува во новинарскиот извештај на Асошиејтед прес.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …