Рокот за аплицирање за финансиска помош за студенти за меѓуградски превоз продолжен до понеделник

Рокот за аплицирање за финансиска помош за студенти за меѓуградски превоз продолжен до понеделник

МОН потсетува дека пријавувањето е само електронски преку порталот „е-услуги“, а аплицирањето трае заклучно со понеделник, 25 декември 2023 година

За еден ден е продолжен рокот за аплицирање на студентите за остварување на правото на финансиски надомест за покривање на дел од трошоците за меѓуградски превоз.

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека пријавувањето е само електронски преку порталот „е-услуги“, а аплицирањето трае заклучно со понеделник, 25 декември 2023 година.

Потребно е студентите да прикачат потврда за редовен студент на државен универзитет; уверение за државјанство; лична карта или друг документ за идентификација; трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб страницата на превозникот.

Од МОН соопштија дека не е потребно да се прикачат Пријавата и Изјавата што се бараа претходно.

Целиот повик е достапен на овој линк.

Прочитајте повеќе

„Катастрофата“ на Палестинците: Што значи „Накба“?

„Катастрофата“ на Палестинците: Што значи „Накба“?

Палестинците ширум светот одбележуваат „Накба“ (катастрофа), ден кога нивните претци во 1948 година биле присилени …