време облачно студено

Денеска и за викендот променливо облачно, од понеделник пад на температурата

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, по котлините долж Повардарието магливо. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец, максималната температура ќе достигне 15 степени.

Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места. Во вечерните и утринските часови температурата ќе се движи во интервалот од -4 до 5, а преку денот од 4 до 14 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Во интерес на безбедноста на сите граѓани, а посебно за безбедно прославување на матурските и …