Комеморативен настан во чест на идеологот КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ

Комеморативен настан во чест на идеологот: „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ, ПРИЛЕПСКА И МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ”

Кузман Јосифоски – Питу е еден од најсветлите ликови на поновата македонска историја, великан кој бескомпромисно ги бранел македонските национални особености. Питу е продолжувач на илинденската традиција и еден од главните идеолози и организатори на Народно-ослободителната борба и антифашистичка револуција, личност кој што го трасирал патот кон македонската државност“, рече во своето излагање историчарот Рубинчо Белчески, на комеморативниот настан кој по повод 80-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу го организираше ОО на СДСМ – Прилеп, во соработка со прилепскиот Сојуз на борци и граѓаните продолжувачи.

На комеморативниот настан насловен како „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ, ПРИЛЕПСКА И МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ”, беа презентирани познати и помалку познати фотографии и фактографски податоци поврзани со револуционерното дело и краткиот животен пат на Питу.

Покрај мноштвото информации, на настанот беа прочитани и цитати од рефератот со наслов „Хероите и мачениците на Македонија”, кој Питу го поднел на Преспанското советување на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, кое од 2 до 4 август 1943 година се одржало во близина на Отешево.

Одбележувањето на 80-годишнината од загинувањето на народниот херој и еден од најголемите синови на македонскиот народ, Кузман Јосифоски – Питу, предизвика голем интерес меѓу прилепчани, кои до последно место го исполнија фоајето на ЦК „Марко Цепенков“.

Прочитајте повеќе

обвинителство

OJO покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство (ОЈО) отвори истражна постапка против активен врховен судија и уште едно лице …