Двајцата повредени војници се во стабилна состојба

Двајцата повредени војници се во стабилна состојба

Двајцата повредени војници се со прострелни рани и повреди на левата натколеница, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, по нивната посета на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.

– Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови – изјави Филипче

Двајцата професионални војници на АРМ се повредија утринава во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово.

Според првичните информации, при чистење на митралез испукан е еден куршум при што М.Ј. и В.Ш. добиле со прострелни рани.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …