Државниот инспекторат го „чешла“ ресторанот каде беа затруени пелистерци

Државниот инспекторат го „чешла“ ресторанот каде беа затруени пелистерци

Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна да го „чешла“ велешкиот ресторан, каде пред два дена беа затруени дури 15 члена на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола.

Во саботата битолчани рано утрото заминаа за Скопје на првенствен натпревар против Шкупи, па првата пауза во Велес ја искористија за веќе претходно договорен ручек. Но, по истиот следуваше вистински хаос, откако половина од екипажот се пожалил на здравствени проблеми како повраќање и стомачни тегоби.

Сите 15 члена веднаш беа пренесени во инфективното одделение на велешката болница, а по укажаната лекарска помош и по заздравувањето, сите се пуштени дома.

Поради оваа хоспитализација на пелистерци, ФФМ соодветно реагираше и го одложила првенствениот меч со Шкупи, додека од државниот санитарен и здравствен инспекторат најавија дека за краток период ќе биде обелодена вистината за овој немил случај.

Извор: gol.mk

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …