Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура се движеше од 2 до 9 Целзиусови  степени, а дневната ќе изнесува меѓу 16 и 26 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 24 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени.

В среда температурите ќе се движат од 19 до 25 Целзиусови степени, в четврток од 20 до 27, а в петок од 21 до 28 степени. За викендот температурите ќе бидат од 19 до 27 степени в сабота, односно од 18 до 24 степени в недела.

Извор: МЕТА