Шекеринска: Денеска е ден кога можеме да кажеме дека успеавме заедно

Шекеринска: Денеска е ден кога можеме да кажеме дека успеавме заедно

„Многу години имавме чувство дека ја пропуштаме секоја шанса и дека лоши работи се случуваат на државата“, рече синоќа Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на големата граѓанска прослава „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“.

Таа, во својата изјава рече дека на граѓаните им е доста од лоши вести и од трауматични искуства, и додаде:

„Денеска е ден кога можеме да кажеме дека нешто успеавме заедно. Дека за оваа држава, издејствувавме две историски шанси, почеток на преговори со Европската унија и покана за НАТО“.

Таа го сподели впечатокот од забавите во повеќето градови од земјава, велејќи дека пораката на граѓаните е, како што рече таа, „сакаме добри вести и сакаме резултати“.

Прочитајте повеќе

Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин …