Шешељ: Српските четници го обезбедуваа Груевски до граничниот премин меѓу Србија и Унгарија, Хоргош (видео)

Шешељ: Српските четници го обезбедуваа Груевски до граничниот премин меѓу Србија и Унгарија, Хоргош (видео)

Бегајќи од Македонија, Никола Груевски поминал низ Србија и на граничниот премин Хоргош влегол во Унгарија, изјави за ТВ „Хепи“, лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VrB9ONsd0PQ

„Најново е дека нашиот брат, Никола Груевски, замина од Македонија преку Србија во братска Унгарија. Кога се појави на границата со Србија, го прифатија српските четници и четничките бајонети го обезбедуваа сѐ до Хоргош. А на Хоргош, во 5 часот изутрината, на 12 ноември, премина во братска Унгарија. Измислуваат овие што велат дека од Тирана со авион, дека е ова, дека е она… Тој помина преку територијата на братска Србија и четничките бајонети цело време го обезбедуваа“.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …