Новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците влезе во Собрание

Новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците влезе во Собрание

Во собраниска процедура влегоа предлозите за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Влада со кои се предвидува основање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и бришење на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Со законските измени се овозможува и реорганизација, унапредување и дефинирање на надлежностите и работата на повеќе органи на државната управа кои во своите надлежности извршуваат работи кои се однесуваат на политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор.

Од 1 јуни, годинава вработените, опремата, документацијата и другите средства од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги превзема од Министерството за образование и наука. Исто така, со денот на отпочнување на примената на овој закон вработените, опремата, документацијата и другите средства од Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги превзема од Министерството за култура.

Се предвидува на предлог на претседателот на Владата во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на новите законски решенија да се избере министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и заменик на министерот коза политички систем и односи меѓу заедниците.

Забележително е што во законските измени се наведува дека имплементирањето повлекува обврска за обезбедување дополнителни финансиски средства и материјални обврски за одделни субјекти, но не се кажува за колку пари станува збор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …