„Поинаку“ се вклучува во акцијата за донирање храна и намирници за најсиромашните граѓани

„Поинаку“ се вклучува во акцијата за донирање храна и намирници за најсиромашните граѓани

Советниците и поддржувачите на „Поинаку“ се вклучуваат во акцијата за донирање храна, основни намирници и средства за хигиена за граѓаните на Битола, кои не се во можност сами да ги обезбедат елементарните услови за живот. Акцијата се организира на барање на Куќата на Часни Сестри од Битола, која секојдневно обезбедува храна и топол оброк за повеќе од 90 семејства во градот.

Од „Поинаку“ упатуваат апел до граѓаните на Битола, своите донации да ги достават во нивните простории кои се наоѓаат на вториот кат од комплексот згради „Пелагонка 2“, во четврток и петок, 28 и 29 март, од 18.00 до 20.00 часот.

 

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …