Јованоски: Браќата Кирил и Методиј дале особен придонес во описменувањето на сите словенски народи

Јованоски: Браќата Кирил и Методиј дале особен придонес во описменувањето на сите словенски народи

Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители:

Почитувани сограѓани,

Со денешното празнување го одбележуваме  24 Мај, Денот на сесловенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, поради кои овој ден се одбележува и како Ден на словенската писменост и култура.

Браќата Кирил и Методиј преку својата просветителска дејност дале особен придонес во описменувањето и културниот развој не само на македонскиот, туку и на сите други словенски народи.

Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи, е само дел од придобивките со кои нé задолжија да ги негуваме нашите историја, култура и традиција.

Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …