Фотографија на денот: Велосипедски автопат

Фотографија на денот: Велосипедски автопат

Ова е првата делница од велосипедскиот автопат во германската покраина Хесен. Делницата е долга само четири километри, а широка четири метри, па сепак политичарите и сообраќајните експерти ја сметаат за пресврт во сообраќајот. Зашто, автопатот наменет само за велосипеди, ќе продолжи да се гради до 2022 година, ќе биде долг 30 километри и ќе ги поврзува Франкфурт и Дармштат. Сето тоа ќе чини 43 милиони евра.

Експертите сметаат дека по велосипедскиот автопат дневно ќе возат две до три илјади велосипеди. Според едно истражување, во покраината Хесен има 42 коридори кои би биле добри за изградба на велосипедски автопати.

Кој би сакал да стои во километарски колони на автопат, кога по велосипедскиот автопат може да стигне многу побрзо, без притоа да има пречки од возила и пешаци?

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …