ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп интензивно работи на реконструкција на старите водоводни мрежи на повеќе локации, со цел да се обезбеди чиста и технички исправна вода за пиење, а со тоа подобар живот на граѓаните во град Прилеп.
ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп на улица “Мара Јосифоска” реконструираше околу 200 метри водоводна линија на која се поставени полиетиленски цевки дн90, а со тоа се заменети старите азбесни цевки дн50. На новата мрежа се поврзани сите куќни приклучоци. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа планирана е и реконструкција на канализационата мрежа на истата улица.
Прочитајте повеќе
По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин
Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …