Премиерот Заев во целодневна посета на битолскиот регион

Премиерот Заев во целодневна посета на битолскиот регион

Во текот на денешниот ден, премиерот Зоран Заев ќе присуствува на три настани во битолскиот регион.

Во 11 часот во село Кравари, претседателот на Владата, Зоран Заев ќе присуствува и ќе има обраќање на настан за доделување на првите персонализирани картички за покривање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На настанот ќе присуствуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Потоа, во просториите на Општина Битола, премиерот Заев ќе додели решенија за капитални проекти на општините од пелагонискиот регион кои аплицирале во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Исто така, премиерот Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе извршат теренски увид на градежните активности од рехабилитацијата на регионалниот пат Битола-Демир Хисар.

Прочитајте повеќе

Претседател Стево Пендаровски

Пендаровски се откажа од претседателската пензија

Претставници на МВР и понатаму ќе се грижат за неговата безбедност, а тој ќе има …