Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит – пазар ќе трае еден месец

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит – пазар ќе трае еден месец

Сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите е 30 дена, а вредноста на проектот е околу 20 милиони денари.

Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков, на потегот од раскрсницата кај Судска палата до клучката Бит – пазар во Општина Чаир. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изврши увид во градежните работи на оваа делница.

Тој појасни дека сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите е 30 дена, а вредноста на проектот е околу 20 милиони денари.

– На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …