Трет меѓународен натпревар во нордиско скијање ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“

Трет меѓународен натпревар во нордиско скијање ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“

Во петок, 23 август со почеток во 18 часот, во Крушево ќе биде отворен третиот меѓународен натпревар во нордиско скијање ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“. Годинава натпреварот ќе трае 3 дена, од 23 до 25 август, во чии рамки ќе бидат одржани 3 трки.

Покрај натпреварувачи од Македонија, меѓу кои ќе биде и олимпиецот Ставре Јада, на годинешниот натпревар учество ќе земат и натпреварувачи од Србија, Грција и Босна и Херцеговина.

Свеченото отворање на третиот меѓународен натпревар во нордиско скијање ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“ ќе биде во спомен куќата „Тодор Проески“.

Настанот се организира во чест на Тоше Проески, а поддржан е од Скијачката федерација, Министерство за внатрешни работи, Општина Крушево и поголем број приватни компании.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …