Боево гаѓање во месноста „Билбил Камен“

Боево гаѓање во месноста „Билбил Камен“

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека во недела, 22 септември и вторник, 24 септември во периодот од 07.00 до 15.00 часот, во месноста викана „Билбил Камен“ во Битола, ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на полицијата.

Се замолуваат граѓаните во наведениот период да не се движат во тој реон, односно во непосредна близина на стрелиштето.

 

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …