Театар Комедија со ,,Вардарски пастуви“ гостува во Прилеп и Битола

Театар Комедија со ,,Вардарски пастуви“ гостува во Прилеп и Битола

НУ Театар Комедија ја продолжува турнејата низ земјава со претставата ,,Вардарски пастуви“. Турнејата започна во мај годинава, во Кочани и Струмица, а со почетокот на театарската сезона таа продолжува и во Прилеп и Битола.

Претставата ,,Вардарски пастуви“ во среда, 2. октомври, ќе се игра во Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 20 часот, а веќе следниот ден, четврток 3.октомври во 20:30 часот, претставата ќе биде прикажана во Центарот за култура во Битола.

Режисер на претставата е Синиша Евтимов, а во неа настапуваат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Жарко Димоски, Столе Мицов, Илија Илиоски, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска и Ердоан Максут.

Прочитајте повеќе

Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Трудот и работата на наставникот, смета професоро Колевски, која воопшто не е едноставна, е од …