Авионска несреќа во Техеран, загинаа 176 лица

Авионска несреќа во Техеран, загинаа 176 лица

Во близина на аеродромот во Техеран се урна украински авион и притоа загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Боингот 737 на авиокомпанијата Украина Интернационал, според изјава на шефот на иранските спасувачки сили, се запалил непосредно по полетувањето од Техеран.

До пад на авионот, според актуелните претпоставки на надлежните на меѓународниот аеродром во Техеран, довеле „технички проблеми“. Производителот на авионот Боинг на Твитер соопшти дека се собираат информации за несреќата.

Прочитајте повеќе

израел хамас газа

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од …